• image

    Контакт Тел.
    +389 2 2030022

  • image

    Работно време
    Пон - Пет: 08h - 18h Саб: 08h - 14h

БРОКЕРСКО ДРУШТВО

Осигурувањето од автомобилска одговорност е законски задолжително осигурување за секое регистрирано возило.

Сопствениците на моторни возила, со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, пред да се вклучат во сообраќајот, се обврзани да поседуваат валидна полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со која сопственикот или корисникот на возилото се обезбедува од одговорност за нанесени штети кон трети лица кои како последици можат да имаат: загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.

Со полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност се осигурува Вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо Вас, трошоците за поправка на нанесените штети на третото лице ќе ги сноси осигурителната компанија. Полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност ги покрива трошоците само за поправка на штетите на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот на незгодата.

Ако ви е потребно осигурување за возилото што овозможува покривање на штетите на сопственикот на возилото настанати при сообраќајна незгода независно од причината и виновникот за настанување на сообраќајната незгода, тогаш прочитајте повеќе за КАСКО осигурување.

Цените од областа на осигурувањето се пропишани со Законска регулатива согласно Националното Биро за Осигурување.

Зелениот картон претставува проширување на задолжително осигурување од автомобилска одговорност при патување во странство и се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји – членки наведени во полисата.

Патничко осигурување покрива трошоци кои неочекувано настанале за време на Вашето патување или пред патувањето (во случај на откажување на патувањето). Во зависност од покритието кое самите сте го одбрале може да бидат надоместени трошоци за лекување од незгода и болест, надомест за смрт од последици на незгода, трошоци поради доцнење или кражба на багаж, надомест во случај на губење на патни документи, како и друга здравствена помош, кои би можеле да настанат за време на Вашето патување.

Сопствениците на моторни возила, пред да се вклучат во сообраќајот, односно да го регистрираат своето возило, мораат да поседуваат валидна полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со која сопственикот или корисникот на возилото се обезбедува од одговорност за нанесени штети кон трети лица кои како последици можат да имаат: загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.

Со полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност се осигурува Вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо Вас, трошоците за поправка на нанесените штети на третото лице ќе ги сноси осигурителната компанија. Полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност ги покрива трошоците само за поправка на штетите на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот на незгодата.

Полисата за КАСКО осигурување претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственикот на возилото настанати при сообраќајна незгода независно од причината и виновникот за настанување на сообраќајната незгода, а во зависност од видот на полисата покрива и други видови на штети настанати поради други фактори.

Осигурувањето на имот подразбира осигурување на:

• Семејна куќа, стан, помошни објекти, економски објекти, викенд куќа, подни и ѕидни облоги, стакла на врати и прозори, вградени инсталации, котли и вградени печки, бојлери и санитарни уреди во тие објекти,
• Објекти во изградба и објекти и опрема во монтажа (целиот материјал, опрема и сите работи на објектот во изградба и машини, уреди и инсталации кои се монтираат),
• Предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и слично,
• Машини, опрема, залихи и пари.
Осигурувањето на имот вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
• Пожар
• Удар на гром
• Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
• Бура
• Град
• Поплава или потоп
• Јавни манифестации и демонстрации
• Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
• Лизгање и одронување на земјиште
• Снежна лавина
• Провална кражба и разбојништво

Осигурувањето од општа одговорност ја покрива одговорноста на осигуреникот за штети предизвикани на трети лица и тоа штета настаната со смрт, повреда на телото и здравјето на третото лице, како и штета на имот на трето лице (оштетување, уништување).

Осигурувањето од професионална одговорност ја покрива одговорноста на осигуреникот за штети предизвикани на трети лица при извршување на својата професионална дејност.

licencirani-brokeri-1-1000x1000