• image

    Контакт Тел.
    +389 2 2030022

  • image

    Работно време
    Пон - Пет: 08h - 19h Саб: 08h - 14h

Каско осигурување - Петрол Оил

Сопствениците на моторни возила, пред да се вклучат во сообраќајот, односно да го регистрираат своето возило, мораат да поседуваат валидна полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со која сопственикот или корисникот на возилото се обезбедува од одговорност за нанесени штети кон трети лица кои како последици можат да имаат: загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.

Со полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност се осигурува Вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо Вас, трошоците за поправка на нанесените штети на третото лице ќе ги сноси осигурителната компанија. Полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност ги покрива трошоците само за поправка на штетите на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот на незгодата.

Полисата за КАСКО осигурување претставува осигурување на возилата кое овозможува покривање на штетите на сопственикот на возилото настанати при сообраќајна незгода независно од причината и виновникот за настанување на сообраќајната незгода, а во зависност од видот на полисата покрива и други видови на штети настанати поради други фактори.