• image

    Контакт Тел.
    +389 2 2030022

  • image

    Работно време
    Пон - Пет: 08h - 19h Саб: 08h - 14h

ЦЕНТАР ЗА ПЕЛЕТИ - Петрол Оил

Front-Peleti

Продажба на дрвени пелети на големо и мало. Застапник на пелетите од најголемиот српскиот производител Sparrow.

Со капацитет на производство на 12 тони пелети на еден час, фабриката Sparrow е лидер во производството на пелети не само во Србија, туку и во регионот по технички капацитет.

Центарот за пелети Радишани е Ваш сигурен и проверен добавувач на пелети од српскиот производител Sparrow Varvarin кој ги исполнува сите параметри и критериуми од меѓународниот стандард EN plus.

Пелетите се потполно природен и обновлив извор на енергија. При нивното согорување, пелетите ослободуваат “неутрален” CO2 односно онолку јаглерод диоксид колку што е потребен за развој и раст на дрвото.

Греењето на пелети носи голем број на предности од кои ги издвојуваме:
Пелетите се обновлив извор на енергија. За разлика од цврстите фосилни горива, пелетите се добиваат од дрвни продукти и пилевина. Годишно во светот се засадуваат 5 милијарди нови дрва.
Пелетите се економични. Речиси за половина од цената на греење на нафта, гас или струја, доколку печката во која се согоруваат е високоефикасна и овозможува трансферирање на 90% од калоричноста на пелетот во топлинска енергија.
Пелетите се удобен начин на греење. Не зафаќаат простор како огревните дрва, не прават нечистотија како истите и не мора да се носат дрва за да се полни печката повеќе пати во денот како кај традиционалните печки на дрва.
Пелетите се пријатели на амбиенталниот воздух. 95% помалку CO2 се испушта во воздухот при користење на пелети во споредба со користењето на масло за греење или со останатите црвсти горива.

PELETI-SPARROW-A1
PELETI-SPARROW-A2
PELETI-SUPER-SPARROW