Осигурувањето од автомобилска одговорност е законски задолжително осигурување за секое регистрирано возило.
Сопствениците на моторни возила, со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, пред да се вклучат во сообраќајот, се обврзани да поседуваат валидна полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со која сопственикот или корисникот на возилото се обезбедува од одговорност за нанесени штети кон трети лица кои како последици можат да имаат: загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.
Со полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност се осигурува Вашата одговорност како возач во случај да нанесете штета на трето лице, односно на друг автомобил. Во тој случај, наместо Вас, трошоците за поправка на нанесените штети на третото лице ќе ги сноси осигурителната компанија. Полисата за задолжително осигурување од автомобилска одговорност ги покрива трошоците само за поправка на штетите на возилото на оштетениот, но не и на возилото на причинителот на незгодата.
Ако ви е потребно осигурување за возилото што овозможува покривање на штетите на сопственикот на возилото настанати при сообраќајна незгода независно од причината и виновникот за настанување на сообраќајната незгода, тогаш прочитајте повеќе за КАСКО осигурување.
Цените од областа на осигурувањето се пропишани со Законска регулатива согласно Националното Биро за Осигурување.