Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со туѓо моторно возило надвор од државата потребно Ви е одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
Потребни документи за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
За физички лица
| * | Сообраќајна дозвола од возилото | |
| * | Лично присуство на сопственикот на возилото со важечки документ за идентификација, лична карта или патна исправа (пасош) | |
| * | Лично присуство на корисникот на возилото со важечки документ за идентификација, патна исправа (пасош) или лична карта | |
| * | Уплата на надомест за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство |
Потребни документи за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
За правни лица
| * | Сообраќајна дозвола од возилото | |
| * | Барање за издавање одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство заверено со печат на правното лице | |