За патување со моторно возило надвор од Македонија потребна Ви е меѓународна возачка дозвола. Меѓународна возачка дозвола не може да му се издаде на возач на кого му е изречена казна, односно прекршочна санкција, забрана за управување со моторно возило, за периодот додека трае забраната.
Потребни документи за издавање меѓународна возачка дозвола :
* | 2 (две) фотографии (35мм х 45мм) | |
* | Важечка национална возачка дозвола на барателот | |
* | Важечка лична карта или патна исправа (пасош) и лично присуство на барателот | |
* | Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од МВР во Петрол Оил Компани) | |
* | Уплата на надомест за издавање меѓународна возачка дозовола |
Рок на важност на меѓународната возачка дозвола
* | Времетраењето (рокот на важност) на меѓународната возчка дозвола е 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола. |