• image

    Контакт Тел.
    +389 2 2030022

  • image

    Работно време
    08h - 19h

Патничко осигурување - Петрол Оил

Патничко осигурување покрива трошоци кои неочекувано настанале за време на Вашето патување или пред патувањето (во случај на откажување на патувањето). Во зависност од покритието кое самите сте го одбрале може да бидат надоместени трошоци за лекување од незгода и болест, надомест за смрт од последици на незгода, трошоци поради доцнење или кражба на багаж, надомест во случај на губење на патни документи, како и друга здравствена помош, кои би можеле да настанат за време на Вашето патување.