• image

    Контакт Тел.
    +389 2 2030022

  • image

    Работно време
    08h - 19h

Одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство

Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со туѓо моторно возило надвор од државата потребно Ви е одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство

Потребни документи за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство

За физички лица

* Сообраќајна дозвола од возилото
* Лично присуство на сопственикот на возилото со важечки документ за идентификација, лична карта или патна исправа (пасош)
* Лично присуство на корисникот на возилото со важечки документ за идентификација, патна исправа (пасош) или лична карта
* Уплата на надомест за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство

Потребни документи за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство

За правни лица

* Сообраќајна дозвола од возилото
* Барање за издавање одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство заверено со печат на правното лице