• image

    Контакт Тел.
    +389 2 2030022

  • image

    Работно време
    08h - 19h

Меѓународна возачка дозвола - Петрол Оил

 

За патување со моторно возило надвор од Македонија потребна Ви е меѓународна возачка дозвола. Меѓународна возачка дозвола не може да му се издаде на возач на кого му е изречена казна, односно прекршочна санкција, забрана за управување со моторно возило, за периодот додека трае забраната.

Потребни документи за издавање меѓународна возачка дозвола :

* 2 (две) фотографии (35мм х 45мм)
* Важечка национална возачка дозвола на барателот
* Важечка лична карта или патна исправа (пасош) и лично присуство на барателот
* Потврда од Министерство за внатрешни работи за прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило (се издава од МВР во Петрол Оил Компани)
* Уплата на надомест за издавање меѓународна возачка дозовола

Рок на важност на меѓународната возачка дозвола

* Времетраењето (рокот на важност) на меѓународната возчка дозвола е 3 години, но со истекот на важноста на националната возачка дозвола истекува и важноста на меѓународната возачка дозвола.