![]() |
Согласно со потпишаните конвенции и правните регулативи на Република Македонија, за патување со туѓо моторно возило надвор од државата потребно Ви е одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
Потребни документи за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
за физички лица | ||
Сообраќајна дозвола од возилото | ||
Лично присуство на сопственикот на возилото со важечки документ за идентификација, лична карта или патна исправа (пасош) | ||
Лично присуство на корисникот на возилото со важечки документ за идентификација, патна исправа (пасош) или лична карта | ||
Уплата на надомест за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство |
Потребни документи за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство
за правни лица | ||
Сообраќајна дозвола од возилото | ||
Барање за издавање одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство заверено со печат на правното лице | ||
Лично присуство на корисникот на возилото со важечки документ за идентификација, патна исправа (пасош) или лична карта | ||
Уплата на надомест за издавање одобрение за управување на туѓо моторно возило во странство |
Рок на важност на одобрението за управување на туѓо моторно возило во странство
Времетраењето (рокот на важност) на одобрението за управување на туѓо моторно возило во странство е 1 година. |