Патничко осигурување

Патничкото осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите.

Патничкото осигурување на Петрол Оил Брокер ви нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе го изберете. Пакетите кои ги подготвивме се креирани да одговорат на различните потреби на граѓаните, а параметрите на трите најчесто користени пакети можете да ги видите во табелата подолу.

За да изработиме полиса за патничко осигурување потребни ни се податоците од пасошот на лицето/лицата на кое/кои ќе се однесува осигурувањето, поточно:

  • Име и презиме (како што стои во пасошот)
  • Адреса од пасошот
  • Матичен број
  • Број на пасош

Исто така, треба да го наведете времето на траење на покритието на патничкото осигурување, како и посакуваниот пакет.

Цената на патничкото осигурување за виси од осигурените денови и избраниот пакет. Дневната цена на одбраниот пакет се множи со бројот на осигурени денови за да се добие цената на полисата.

како се пријавува штетата

  • Оригинал /Копија од полисата (по претходна проверка за прифатена полиса)
  • Комплетно пополнета пријава со точен датум на пријава и задолжително пријавување по електронска пошта до одговорното лице
  • Копија од пасош со доказ за почеток на престојот во странство и доказ за враќање во Р. Македонија
  • Оригинална медицинска документација ( извештај ) со дијагноза и детален опис на медицинскиот третман,
  • Комплетна историја на болеста на пациентот со дневните обсервации од лекарот кој го лечел осигуреното лице и видот на препишаната терапија ( лекови)
  • Оригинални фактури / потврди кои:

– гласат на име и презиме на осигуреникот содржат детален опис на болеста (акутната забоболка)
– точни поединости околу извршениот медицински или стоматолошки третман, како и видот на препишаниот лек,
– точни датуми на извршениот третман

  • сето ова да е заверено со печат и потпис на овластениот лекар или фармацевт
  • Званичен извештај од полицијата за видот на настанатиот несреќен случај, во случај кога повредата на осигуреникот е резултат на несреќен случај,
  • Документ со службена потврда за причината за смртта, извештај на лекар за констатирана смрт
  • Целокупна останата документација потребна за пресметка на надоместот, во интерес на барање на осигурувачот.
  • Копија од трансакциона сметка со изјава дека лицето е согласно надоместот за пријавената штета да му се исплати на таа сметка

контактирајте не веднаш!