Што е полиса за автоодговорност

Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано.

Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.

За да изработиме полиса за Автоодговорност, потребни ни се податоците од сообраќајната дозвола на возилото (регистерски таблички, боја, гориво, тип и модел). Доколку станува збор за возило кое за прв пат се регистрира (ново возило од салон или увезено), потребна ни е фактура или хомологација / потврда за сообразност од која можат да се видат податоците на возилото. За било која промена во податоците на договорувачот на осигурувањето или на осигуреникот / сопственикот на возилото (адреса на живеење и сл.) исто така треба да се информира осигурителната компанија при вадење на полисата.

Цената на полисата за автоодговорност зависи од силината на моторот кај патничките и од носивоста во тони кај товарните возила, како и од Вашиот избор дали дополнително ќе ги осигурате патниците и стаклата во автомобилот. На осигуреникот му следува попуст (бонус) за секоја година во која со возилото не бил причинител на штета.

како се пријавува штетата

  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Целосно пополнет Европски записник и потпишан од страна на оштетениот и причинителот
  • Фотокопија од возачка дозвола од причинителот и оштетениот
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола на причинителот и оштетениот
  • Осигурително покритие на полисите од причинителот и оштетениот (фотокопии од полисите)
  • Трансакциска сметка од оштетениот / жиро сметка за правни лица (материјален доказ)
  • Комисики записник-документ за проценка на штета потпишан од оштетениот и од проценителот
  • Слики од реконструкција на оштетените возила
  • Изјави од двајцата учесници за начин на случување на незгодата
  • Изјава за функционер
  • Документи за поправено возило – фактура
  • Пријава на штета/барање за надомест на штета
  • Полициски записник и скица од увид- задолжително
  • Фотокопија од сообраќајна дозвола
  • Фотокопија од возачка дозвола
  • Трансакциска сметка од оштетениот (материјален доказ)
  • Жиро сметка за правни лица како оштетен
  • Осигурително покритие на полисата
  • Комисиски записник-документ за процена на оштетувањата потпишан од проценителот и од оштетениот,
  • Слики од оштетеното возило
  • Изјава за функционер
  • Документација за поправено возило – фактури.

контактирајте не веднаш!